Приведен Орце Камчев, се подготвувал за бегство

Орце Камчев пред суд како сведок за случајот „Рекет“

Бизнисменот Орце Камчев претпладнево е приведен од страна на полицијата, потврдија од МВР за радио Слободна Европа. Од таму додаваат дека истиот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Од обвинителството за гонење на организиран криминал велат дека приведувањето е откако АНБ доставила извештај дека Камчев се подготвува за бегство. Од таму велат дека ќе постапат согласно надлежностите и ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор бидејќи Камчев е осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”, за нелегално купените плацеви на Водно за Никола Груевски преку фирмите на Орце Камчев.

Случајот „Плацеви на Водно“ - замрзат имот на кумот на Груевски

Против Камчев се води и големата истрага за случајот „Империја“ . Во „Империја“ е осомничен и Сашо Мијалков кој е во притвор по пресудата од 12 години затвор за масовното прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“.