Ковид-пасоши само за вакцините одобрени од ЕУ

илустрација

Предлогот за воведување на таканаречени „ковид-пасоши“ за слободно патување во рамките на Европската унија, што ќе биде предложено на 17 март, ќе важи само за вакцинираните со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), изјави Илва Јохансон, комесарка за внатрешни работи во Европската комисија.

Веста најпрво ја пренесе телевизиската мрежа „Еуроњуз“, од извор од ЕУ, а како што е наведено, пасош-потврдата за бесплатно патување не ја исклучува можноста граѓаните да патуваат во рамките на ЕУ и врз основа на тестови кои докажуваат дека не се заразени со коронавирус или ако се согласат на карантин.

Кина издава пасоши за вакцини иако СЗО не ги препорачува

Изворот тврди дека еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, јасно ставил до знаење дека земјите-членки можат слободно да ги вакцинираат своите граѓани со вакцини од други производители, но дека нема да добијат лиценциран сертификат за патувања, доколку вакцината не е од одобрен производител.

Европскиот регулатор во моментов ги одобри вакцините од „Фајзер“ / „Бионтек“, „Астразенека“, „Модерна“ и „Џонсон енд Џонсон“. Сертификатите за вакцинација би требало да важат до крајот на пандемијата, а „ковид-пасошите“ треба да бидат достапни во дигитален и хартиен формат.