Уапсена поранешната привремена претседателка на Боливија

Жанин Ањез

Поранешната привремена претседателка на Боливија, Жанин Ањез е уапсена и ќе и се суди за соборување на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес во ноември 2019 година, објави владата на таа земја. Боливискиот министер за внатрешни работи Едуардо Дел Кастиљо Дел Карпио го потврди апсењето на Анез на својот Твитер профил.

„Ги информирам луѓето во Боливија дека г-ѓа Анез е веќе уапсена и моментално е во рацете на полицијата“, напиша Дел Кастиљо.

Моралес: Ќе се вратам во Боливија за една година

Веста за нејзиното апсење беше објавена неколку часа откако двајца обвинители, кои се занимаваат со случајот со жалби против одговорните за пучот, издадоа налог за нејзино апсење. Засега не е позната локацијата на која била уапсена Ањез.