Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков останува во притвор во Шутка, откако Апелациониот суд во Скопје му ја одби жалбата.
Мијалков на 26 февруари беше неправосилно осуден на 12 години затвор во случајот Таргет-Тврдина за нелегалното прислушување, по што судијката Џенета Бегтовиќ му изрече мерка ефективен притвор, место куќен притвор.
Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на притворот како неоснована.
Мијалков се бранеше од слобода се до 21 февруари, кога обвинителството побара притвор поради ризик од бегство, а тој исчезна. По два дена сам се појави и рече дека бил во изолација зашто имал висока температура. Судот му определи куќен притвор пред изрекувањето на пресудата, а откако беше осуден му беше одреден ефективен притвор.