ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците да имаат само македонско државјанство

Илустрација - Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје

Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлага „пратеник да може да стане македонски полнолетен граѓанин што поседува исклучиво само македонско државјанство“. Според информациите од партијата, овој предлог законот веќе е поднесен во Парламентот по скратена постапка.

Предлог-законот доаѓа по објавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов на Фејсбук, во која посочува листа со 20-ина имиња од избирачките списоци за претстојните избори во Бугарија, за коие вели дека „интересни имиња на лица од Македонија кои се стекнале су бугарско државјанство откако се произнеле дека се етнички Бугари“.

Меѓу тие имиња владејачкиот СДСМ „преозна имиња на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ“. Отааму пак остро демантираа и ги обвинија Каракачанов и македонскиот премиер Зоран Заев за „заедничка игра за спас на Заев“.