Европската комисија ќе предложи следната недела новите сертификати за ковид-19 да комбинираат информации за вакцинација, закрепнување од болеста и резултатите од тестовите за да се избегне дискриминација меѓу граѓаните, изјави европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс. Земјите од југот на ЕУ кои се потпираат врз туризмот се надеваат дека ваквите „пасоши“ ќе помогнат во отворањето на нивната летна сезона оваа година, но наидоа на противење од Германија, Франција и Белгија, нагласувајќи дека вакцинацијата не е ниту задолжителна ниту достапна за сите.
Кина започна да издава сертификат за вакцинација за прекугранично патување
„Работиме на сертификат. Тоа не е пасош и нема да се однесува само на вакцинирање. Ќе има и други податоци како дали некој ја одлежал болеста и резултати од тестирање“, изјави тој, додавајќи: „Немаме задолжителна вакцина, затоа е можно и да се одбие вакцинирање. И засега немаме капацитет да организираме вакцинација за сите луѓе кои сакаат да се вакцинираат. Не сакаме да имаме никаква дискриминација“. Бавното снабдување со вакцините во ЕУ е широко критикувано, со само околу 5% од луѓето кои се вакцинирани досега. Целта на Унијата е да вакцинира 70% од возрасната популација до крајот на летото, но таа се чини дека се повеќе се доведува во прашање.