Разрешена судијката Софија Лаличиќ, позната од „бомбите“

Основен суд Скопје 1

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука со која „еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција“. Советот истовремено донел Одлука со која времено со која судијата се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Сашо Мијалков и Софија Лаличиќ

Разрешената судијка, како што известија дел од медиумите е Софија Лаличиќ, од Кривичниот суд Скопје.

Името на ова судијка се спомнуваше и во „бомбите” од незаконските прислушувани разговори објавени од опозицијата во 2015 година.

Министерот за правда Бојан Маричиќ пред неколку дена информираше дека досега се донесени одлуки за разрешување на 11 судии.