Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, ги увери членовите на Конгресот дека администрацијата на претседателот Џо Бајден се противи на изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ и рече дека администрацијата продолжува да разгледува натамошни санкции. Блинкен пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом изјави дека претседателот Џо Бајден смета дека скоро завршениот гасовод е „лоша идеја“. Тој додаде дека Соединетите држави, кои веќе воведоа санкции за компаниите вклучени во изградбата на гасоводот, „јасно ставија до знаење дека се спротивставуваме на неговото завршување и продолжуваме да ги разгледуваме другите можности за натамошните санкции“.
Германските власти дадоа дозвола за гасоводот „Северен тек 2“
„Северен тек 2“ е дизајниран да го насочи рускиот извоз на природен гас во Европа под Балтичко Море, заобиколувајќи ја Украина. Конгресот се спротивставува на гасоводот со образложение дека го зајакнува влијанието на Кремљ врз европската енергетска индустрија и ја повредува Украина, која ќе изгуби милијарди долари годишни такси за транзит.