Денеска Европската комисија го одбележува 15-от Европски ден на сеќавање на жртвите од тероризам - годишен настан за одбележување на бомбашките напади во Мадрид од 11 март 2004 година, кои однесоа животи на 193 граѓани на ЕУ и повредени илјадници други. „Денеска, ние се сеќаваме на сите оние кои ги загубија своите животи или најблиски на терор, без оглед на тоа дали тие терористички напади се случиле во рамките на Европската унија или надвор од нејзините граници. Ние им оддаваме почит на сите погодени од овие грозоморни злосторства, семејства и пријатели“, се наведува во изјавата на ЕК, во која се додава:
Пресуди за обвинетите за терористичките напади во Париз во 2015 година
„Не можеме да дозволиме стравот да не подели, бидејќи токму тоа го бараат сторителите. Единствениот начин на кој можеме да го надминеме предизвикот на тероризмот е да работиме заедно и да се сеќаваме на вредностите и врските што нè врзуваат. Ние се боревме против терористичката пропаганда - офлајн и онлајн, затворајќи ги празнините во информациите, негирајќи им на терористите средства за дејствување и спротивставување на радикализацијата“.