Од денеска на сила стапува полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро и ќе трае до 22 март. Одлуката на Владата се должи на порастот на бројката на новозаболени но и хоспитализирани поради ширењето на т.н. „британски сој“ на ковид-19. Премиерот Зоран Заев апелира до граѓаните за максимално почитување на одлуките и најави засилени полициски и инспекциски контроли бидејќи, според него, граѓаните не ги почитуваат мерките како носење заштитна маска и негрупирање. Одлуката за забрана за движење не важи за патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, на кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти.
Полициски час - економијата не може да издржи допoлнителни мерки
Од Владата соопштија дека на граѓаните на кои минатата година им беа издадени дозволи за движење важноста ќе им биде обновена. Како и за полициските часови кои беа на сила во минатата година дозволено движење ќе имаат граѓаните кои имаат потреба од итна медицинска грижа. Владата донесе уредба според која патници од земјите од африканскиот континент кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14 дневен карантин.