Турски суд осуди пет лица на доживотен затвор поради атентатот врз рускиот амбасадор во Анкара кој се случи пред повеќе од четири години, објавија денеска државните медиуми.
Амбасадорот Андреј Карлов беше застрелан од страна на полициски службеник кој не бил на должност, на отворање на изложба за фотографии во турската престолнина во декември 2016 година.
Во 2018 година, турските власти обвинија 28 лица за вмешаност во убиството. Тие тврдат дека вооружениот напаѓач припаѓал на мрежа предводена од муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кој живее во САД .
Анкара исто така го обвини движењето на Ѓулен за организирање на неуспешниот пуч на почетокот на 2016 година - што свештеникот го негира.
Турција повеќе пати бараше екстрадиција на Ѓулен од САД, но Вашингтон се спротивстави на барањата.