Сопствениците на ресторани за свадби денеска пак побара да се овозможи работа на рестораните, откако пред една недела доставија и протокол за работа, но се уште немале одговор од Владата или од Комисјата за заразни болести.
„Протоколот е ист по кој работат сите останати ресторани и кафе барови. Сметаме дека Комисијата за заразни болести треба да донесе издржан здравствен протокол за нашата дејност, а надлежните институции ќе се погрижат истиот да се спроведе во пракса. Надлежните треба да ги и тересира здравствениот аспект и воопшто не е важно дали гостите се случајно дојдени во ресторанот или некој ги поканил на организиран настан. Свесни сме за епидемиолошката состојба во моментов и затоа не бараме во прва фаза да правиме традиционална свадба, туку свечен ручек согласно постоечките протоколи“, рече Перица Голомеиќ, во име на угостителите.
На прашањето од новинарите како да се реализира нивното барање сега кога повторно во земјава се воведува полициски час, тој одговори дека не бараат нешто што веќе го нема.
„Ние знаеме за примери дека и сега се организираат прослави во а ла кард рестораните. Зошто да не се организираат и во рестораните за свадби“, нагласи Голомеиќ.