Владата денеска ја усвои Агендата „Европа дома“ во која што се преточени принципите и заложбите поставени како приоритет во владината акција 21 со која, како што објави премиерот Зоране Заев, е потврдена одлучноста да се имплементираат европските стандарди и вредности во секој сегмент на нашето општество.
Станува збор за агенда на Владата и за другите институци како што се Собранието, правосудните органи, Државната изборна комисија, Држваната комисија за спречување на корупцијата, како и други агенции и комисии кои во соработка со Владата ќе ги завршат преостанатите активности за целосна европеизација на системот и на нивната работа според стандардите на Европската унија (ЕУ) како наши одредници.
„Агенда дома е своевиден роковник со утврдени активности и нивни носители кои во точно одреден рок треба да ги завршат своите обврски за да ги унапредиме институциите и системоѕ. Преку тоа граѓаните ќе добијат подбри услуги и подбар живот и уште еднаш да докажеме дека Сецерна Македонија го заслужува местото во ЕУ и дека природно припаѓа во европското семејствонарод“, рече Заев на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на која присуствуваат и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министрите за правда и за финансии Бојан Маричиќ и Фатмир Бесими.
Видете и ова: Од ЕП повик до Брисел што побрзо да ги отвори пристапните преговори со МакедонијаДокументот е подготвен врз основа на обврските кои сме ги во рамките на заедничките тела меѓу Северна Македонија и ЕУ а кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и препораките на Европската комисија. Документот го подготви вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров со тимот на Секретаријатот за европски прашања. За секоја приоритетена област, посочи Заев, се наведени прецизни цели и надлежни институции, како и рокови за нивна реализација, додека документот е консултиран со невладини организации кои работат во областа на евроинтеграциите како и со Делегацијата на ЕУ.
Според премиерот и министрите, продолжуваат политичките и дипломатски напори и обиди за отсранување на ветото од Бугарија, а продолжува и спроведувањето на реформите.
„Акцентот е ставен на изборната реформа, на правосудството, на борбата против корупцијата и организирнаиот криминал, на темелните човекови права, на реформите во медиумската сфера, на економското владеење и на реформата во јавната администрација“, рече Заев.