Европскиот парламент во понеделникот го укина имунитетот на поранешниот претседател на шпанскиот регион Каталонија, Карлес Пуџдемонт и неговите блиски соработници, што може да го отвори патот за нивна екстрадиција. Одлуката е донесена со 400 гласа „за“, 248 „против“ и 45 воздржани. Исто така, имунитетот на поранешниот каталонски министер за здравство Тони Комин и поранешниот регионален министер за образование Клари Понсати беше укинат, објави Ројтерс.
Пуџдемонт и многу негови колеги се засолнија во Белгија во октомври 2017 година од страв да не бидат уапсени по одржувањето на референдумот за независност на Каталонија, што шпанската влада го смета за незаконско. Во 2019 година, Пуџдемонт, Комин и Понсати освоија парламентарни места во Европскиот парламент, а со тоа и заштита како членови на ова тело.
Тимот на Пуџдемонт планира да се жали на одлуката за укинување на имунитетот пред Европскиот суд во Луксембург.