Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска информираше дека состојбата во училиштата во однос на ковид пандемијата е стабилна и дека не се размислува за поинакви мерки од оние кои сега се применуваат.
„Сите протколи се спроведуваат. Немаме интерно ширење на болеста, така да е стабилно“, рече Царовска.
Таа пред десетина дена изјави дека поради пандемијата, школската година ќе биде завршена како што и почна, со хибриден систем, односно физичко присуство и онлајн настава.
Инаку Владата денеска на седница одлучува дали ќе го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести да се воведе двонеделен полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, поради, како што беше објаснето, ширењето на коронавирусот, непочитувањето на забраните за групирање и семејните собири после 22 часот.