Во САД дозволено вакцинирани лица да се собираат без маски

Во САД целосно вакцинираните лица ќе можат да се среќаваат во затворен простор без да носат маски

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави упатства за вакцинирани граѓани во кои се наведува дека целосно вакцинираните лица можат да се среќаваат во затворен простор без да носат маски или да држат дистанца. Во САД, 46.455 луѓе биле заразени со вирусот во последните 24 часа, а 666 починале, така што бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата е повеќе од 525.000, објави Универзитетот Џон Хопкинс.

Бајден ја предводеше комеморацијата на жртвите на ковид-19 во САД

Целосно вакцинираните, исто така, ќе можат да се соберат со оние кои имаат мал ризик да развијат тешки симптоми на колвид-19, на пример, вакцинираните баби и дедовци можат да посетат здрави деца и внуци. ЦДЦ соопшти дека луѓето се сметаат за „целосно вакцинирани“ само две недели по примањето на последната доза на вакцината. Долго очекуваните упатства беа објавени откако голем број Американци побараа одговори дали можат да се вратат во нормален живот по целосна вакцинација. Повеќе од 30 милиони Американци ги примиле двете дози на вакцина ковид-19, а уште десетици милиони треба да ја примат втората доза до крајот на месецот.