Претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека БиХ или доследно ќе ги почитува одредбите од Дејтонскиот мировен договор или ќе се раздели мирно, бидејќи трето не е можно. Тој рече дека е потребно оние кои се директно засегнати, а тоа се БиХ, Србија и Хрватска, како и субјектите на Федерацијата БиХ и РС можат да побараат назначување на висок претставник на меѓународната заедница кој би бил именуван во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност. Коментирајќи ги најавите дека наскоро ќе биде назначен нов висок претставник за БиХ, Додик оцени дека според пропишаната постапка досега е легално избран само Карл Билд.
Улогата на грчките доброволци во геноцидот во Сребреница
Тој додаде дека „ако меѓународната заедница мисли дека може селективно да ги примени одредбите од Дејтонскиот договор“, тогаш таа им испраќа порака на политичарите во БиХ дека „договорот го гледаат како бифе, од кого ќе земат што сакаат“. Одлуката за назначување на нов висок претставник во БиХ, Советот за спроведување на мирот во БиХ, треба да биде донесена на крајот на овој или почетокот на следниот месец. Покрај Германецот Кристијан Шмит, се шпекулира дека нов висок претставник би можел да биде Канаѓанецот Џозеф Инграм.