Иселениците, вработените во ДКП, како и припадниците на армијата кои се на мисија во странство, потоа затвореници и бездомници се први на листата кои ќе треба да се попишат во првата фаза на пописот која почнува в понеделник. Тоа е еден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите. Министерот за надворешни работи Бујар Османи и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски денеска на прес конференција информираа дека оваа целата процедура околу пописот ќе трае од први март до 21 април 2021 година.
МНР ќе спороведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување или саморегистрација кое ќе се одвива преку веб апликација. Потребно е граѓаните само да се најават со својата веб е-меил адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безбедноста на личните податоци е осигурана.
Министерот Османи рече дека МНР како одговорно за диајспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците за можноста онлјан да се попишат преку веб страницата на ДЗС.
Самопопишувањето подразбира пополнување на пописната апликација од страна на самото лице кое е единица на попис. Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот.