Мицкоски позитивен на ковид-19

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е заболен од ковид-19. Тој денеска на својот официјален фејсбук профил напиша дека по забележаните првични полесни симптоми, направил тест кој покажал дека е позитивен на вирусот Ковид-19.


„ Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина!“ напиша на Фејсбук Мицкоски.

Мицкоски пред точно три месеци во гостиување на ТВ 21 изјави дека последното серолошко тестирање што го направил открило дека има антитела на коронавирусот.

„Имам антитела на вирусот. Можеби сум го поминал на нога што се вели, а да не сум знаел дека го имам. Кај мене двајцата родители беа позитивни. Што ми вели еден доктор, сега имам ковид штит“, рече Мицкоски на крајот од гостувањето во ТВ21.