Коп - ЕУ помага со пари, но набавката на вакцини е ваша обврска

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Од февруари и март минатата година ЕУ додели неколку стотици милиони евра помош за справување со ковид-кризата. Ако тоа не е солидарност, не знам што е. Сега ЕУ додели уште 17 милиони евра за вакцинирање на Балканот. Тоа е солидарност. Секако, набавката е ваша национална обврска, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во неделното интервју на РСЕ.