Претседателот на САД Џо Бајден, го поништи прогласот издаден од поранешниот претседател Доналд Трамп, со кој се блокира влегувањето на многу апликанти за зелени картони во САД. Трамп ја издаде забраната во минатата година, велејќи дека е неопходно да се заштитат американските работници во услови на голема невработеност поради пандемијата на коронавирусот. Забраната првично требаше да трае до крајот на 2020 година, но Трамп ја продолжи до крајот на март во последните недели од неговиот мандат.
Ковид-19 и миграцијата во светот
Повеќето имигрантски визи беа блокирани со наредбата. Имигрантите не можеа да донесат членови на семејството освен ако тие самите не се државјани на САД кои аплицирале за визи за своите сопружници или деца на возраст под 21 година. Имигрантите со визи засновани врз вработувања исто така беа забранети освен ако тие немаа вештини во здравствената заштита и други слични професии, а илјадници добитници на лотарија за визи кои беа случајно избрани да добијат зелен картон беа блокирани. Во новиот проглас Бајден ги укина наредбите, велејќи дека затворањето на вратата на легалните имигранти „не ги унапредува интересите на Соединетите држави“.