РСЕ реагира на рускиот закон за казнување „странски агенти“

Претседателот на РСЕ, Џејми Флај,

Раководството на Радио Слободна Европа(РСЕ) реагира откако денеска рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша законите со кои се изрекуваат казни за кршење на контроверзниот закон за „странски агенти“.

Измените на Законот за „странски агенти“ е насочени кон медиуми финансирани од странство, вклучително и Рускиот сервис на РСЕ, уште шест други сервиси на РСЕ на руски јазик, како и Current time, телевизиска мрежа на руски јазик, управувана од РСЕ / РЛ во соработка со Гласот на Америка.

„РСЕ нема да биде спречено независно да известува за нашата руска публика“, рече претседателот на РСЕ, Џејми Флај, во денешната изјава.

Според законските измени потпишани од Путин на 24 февруари, објавувањето информации за таканаречените „странски агенти“ и нивните материјали без назначување на нивниот статус може да резултира со казни до 2.500 рубљи (34 УСД) за физички лица и до 500.000 рубљи (6.720 УСД) ) за правни лица.

Новиот закон наметнува и административна одговорност за објавување на такви информации во масовните медиуми и се однесува и на правните лица на „странски агенти“ и на физички лица и на граѓански здруженија на „странски агенти“.

Руската владина Агенција за надзор на медиуми Роскомнадзор поднесе стотици жалби за веб-страниците на РСЕ. А откако ќе поминат низ судскиот систем вкупните казни што може да се наплатат ќе достигнат речиси еден милион долари.


Според РСЕ казните се државно спонзорирана кампања за принуда и заплашување, додека американскиот Стејт департмент ги опиша како „неподносливи“. Хјуман рајтс воч го опиша законот за „странски агенти“ како „ограничувачки“ и закон што има за цел „да ги демонизира независните групи“.

„Кремаљ цели кон РСЕ заради реакцијата на публиката за нашата работа и интересот за нашето известување за неодамнешните политички настани во Русија. Рускиот народ ќе биде крајната жртва на законите, како овој, што користат тактики на заплашување со кои се обидуваат да ги замолчат гласовите и да ја намалат различноста на медиумите “, додаде Флај.