Нови 725 случаи на ковид-19

Регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 од направени 3.342 тестирања, информираше Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Во Скопје се регистрирани 274, нови случаи, Прилеп – 79, Кавадарци – 55, Тетово – 39, Куманово – 34, Охрид – 29, Гевгелија – 26, Неготино – 25, Велес -24, Штип -20, Гостивар -18, Битола -16, Струмица – 13, Кочани – 12, Струга и Крива Паланка – по 11, Богданци – 6, Крушево – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија – по 3, Кичево – 2, Берово – 1.

Регистрирани се 215 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.


Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека засега индиции дека треба да се препорачаат дополнителни анти-ковид мерки, иако, како што вели, не се исклучува можноста од некаква форма на дополнителни мерки на локално ниво или, пак, на територија на цела држава, но за тоа ќе се разговара во периодот што следи. Тој вели дека со членовите на Комисијата за заразни болести се прават анализи на што се должи зголемување на бројот на позитивни од вкупниот број на направени тестови во последните денови. Се анализира дали тоа се должи на британскиот сој на вирусот или на генерално непочитување на мерките во делот на собирите.