Амнести Интернешнл (АИ) го повлече неодамна усвоениот статус за рускиот опозициски политичар Алексеј Навални – „затвореник на совеста“ поради неговото наводно застапување во минатото на насилство и дискриминација и коментари кои вклучуваа говор на омраза, но дека и натаму ќе продолжи да се бори за негово ослободување.
Заменик директорот на Амнести Интернешнл за Европа и Централна Азија, Денис Кривошев, за Радио Слободна Европа изјави дека организацијата и натаму ќе продолжи да се бори за негово ослободување.
„Амнести Интернешнл донесе интерна одлука да престане да го нарекува Алексеј Навални затвореник на совеста заради коментарите што ги даваше во минатото“, рече Кривошев, додавајќи дека некои од неговите коментари доаѓаат и до границата да заговараат омраза, што е во спротивност со дефиницијата за затвореници на совеста на Амнести интернешенл.
Кривошев додаде дека Навални јавно не се откажал од своите коментари од минатото, но додаде дека и не давал слични изјави во последните години.