Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за проектот енергетска рехабилитација на студентските домови, информираа на денешната прес конференција портпаролите на Владата Душко Арсковски и Муамет Хоџа.
Според владината одлука, се работи за реконструкција на студентските домови кои ќе станат енергетски ефикасни и ќе овозможат студентски комфор и подобри услови за сите студенти.
„Со програмата предвидено е да се стартува со студентскиот дом Стив Наумов во Скопје, а освен во Скопје ќе бидат опфатени и студентските домови во Прилеп, Битола, Охрид и Штип“, изјави Хоџа на денешната прес-конференција.