Мицкоски: Сѐ е договорено, направија цуркус од државата

Прес-конференција на Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека немаат логика објаснувањата на премиерот Зоран Заев по појавувањето на обвинетиот Сашо Мијалков пред Обвинителството за организиран криминал и корупција. На вечерашната прес конференција Мицкоски кажа дека во државата функционира хибриден режим.

„Сите плаќаме прескапа карта за циркусот што ни го сервираат и наша заедничка обврска е да му ставиме крај на овој хибриден режим. Направија веќе циркус од државата. Заев доста е. Човекот ве гледа во очи и нема гајле. Си играат мајтап и мака си немаат. Совршено јасно дека има договор. Прво да избега, па да се врати. Со шамар за полицијата и со сите институции. Остануваше уште да му се извинат. Бидејќи тој им се извини. Тешка хаварија за само неколку десетици часови. Го упропастија системот и поплукаа по правдата“, изјави вечерва Мицкоски.

Мијалков се појави, бил болен и немало да бега

Претходно денеска Мицкоски упати апел до сите партии во парламентот да ја зачуваат свеста и да изгласаат недоверба на Владата.