По три часа откако се пријави во Обвинителството за организиран криминал, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вечерва е спроведен во куќен притвор како мерка што му ја одреди Основниот кривичен суд – Скопје, по барањето на Обвинителството за ефективен притвор.
Претходно, обвинителите ја повлекоа жалбата наместо куќен, тој да добие затворски притвор. Попладнево Мијалков се објави пред обвинителството. Во изјава за телевизија 24 вести тој рече дека не побегнал туку дека бил болен и имал висока температура. Мијалков им се извини на јавноста и на институциите и повтори дека нема да бега бидејќи не се чувствува виновен за делото за кое е обвинет во предметот „Таргет-тврдина“.
Заев: Институциите покажаа дека учиме од бегството на Груевски
И обвинителката Вилма Русковска вечерва коментираше дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков сам се пријавил во обвинителството. Таа објасни дека тој преку други луѓе пратил порака дека сака да се пријави, но само во ОЈО. Обвинителката Рускоска на прес конференција истакна дека ќе размислат дали за Сашо Мијалков ќе се побара затворски притвор,
„Ќе размислиме дали да побараме затворски притвор. Цел ден беше бурен. Со колегите што го застапуваат ќе одлучиме, но сепак олеснителна околност е што сам се пријави“, истакна Рускоска.
Таа посочи дека при разговор со неговиот адвокат било констатирано дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението.