Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска изјави дека е голем оптимист дека сите ограничувања против Ковид-19 во Британија ќе завршат до 21 јуни, додавајќи дека британската Влада ќе изврши ревизија на сертификатите за вакцини, пренесе АП.
„Се надевам дека ќе биде така, но очигледно е дека ништо не може да се гарантира“, рече Џонсон.
Запрашан за воведувањето сертификати за вакцините за оние кои примиле вакцина против коронавирус, британскиот премир објасни дека има длабоки и сложени прашања што треба да се истражат, како и етички прашања во врска со улогата на владата во задолжувањето на луѓето да прават нешто или да им забранат да прават нешто.