За патната исправа на Северна Македонија знам дека му е одземена, а дали има други пасоши не знам, за тоа ќе треба да се прашаат колегите од поранешното СЈО. Ако нема, формално правно Сашо Мијалков не би можел да ја напушти државата. Доколку тоа го направил, а немам сознание дека е така, тогаш тоа го направил нелегално, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска, додека трае потрагата по поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, кој се бара со меѓународна потерница.
Таа во гостување во Утрински брифинг рече дека „кај Обвинителството апсолутно нема вина“, затоа што тие, според неа, немале никакви сознанија ниту од полиција, ниту од службите одговорни за безбедност и контразузнавање дека се спрема бегство на Мијалков“.
Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, вќе два дена е недостапен за властите, иако му е одреден куќен притвор и ја чека пресудата за обвинението за незаконско прислушување во предметот Таргет Тврдина. По него е распишана меѓународна потерница.