Бајден ја предводеше комеморацијата на жртвите на ковид-19 во САД

претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден

Со минута молк и со запалени 500 свеќи на скалите на Белата куќа, претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, потпретседателот Камала Харис и нејзиниот сопруг синоќа им оддадоа почит на 500.000 Американци кои починале од вирусот корона. Претседателот Бајден претходно ѝ се обрати на нацијата во врска со големиот број на жртви на пандемијата. „Денес се одбележува мрачен, ужасен момент - 500.071 мртов. Повеќе Американци загинаа за една година од оваа пандемија отколку во Првата светска војна, Втората светска војна и Виетнам заедно“, рече тој, додавајќи дека САД загубиле повеќе животи од овој вирус од која било друга нација во светот.

САД имаат скоро 500.000 смртни случаи од коронавирусот

Бајден исто така ги повика Американците да продолжат да носат маски, да ги почитуваат правилата за социјално дистанцирање и да примаат вакцини кога ќе дојде нивниот ред. „Треба да ставиме крај на политиката на дезинформации што ги подели семејствата, заедниците и земјата. Тоа веќе ја чинеше земјата премногу животи. Треба да се бориме заедно“, рече Бајден. Американскиот претседател нареди на 26 февруари да се спуштат знамињата на јавните згради на половина копје.