Руското Министерство за надворешни работи вечерва изрази разочарување од одлуката на Европската унија да воведе санкции за руските функционери одговорни за третманот на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални и неговите приврзаници. „Одлуката е усвоена од Советот за надворешни работи под измислен изговор со цел да се подготват нови незаконски и еднострани санкции против руски граѓани“, се вели во соопштението на Министерството. Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера одлучија да воведат нови, насочени санкции против руски официјални лица одговорни за постапките против Навални.
ЕУ ќе воведе санкции врз Русија за затворањето на Навални
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека тоа е едногласна одлука на министрите за надворешни работи на ЕУ и дека санкциите ќе бидат утврдени и ќе стапат на сила најдоцна во рок од една недела. „Русија се движи кон авторитарна држава“ и сака конфликт со ЕУ поради апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, а Европската унија донесе одлука за воведување санкции врз руски официјални лица одговорни за репресијата врз Навални, изјави високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел, додавајќи: „Во исто време, мора да најдеме начин да избегнеме постојан судир со нашиот сосед, кој за жал одлучи да дејствува како противник“, предупреди високиот претставник на Унијата.