Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко денеска ќе се сретнат во црноморското одморалиште Сочи. „Можеме да очекуваме многу долги преговори“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Според него, билатералните односи и размената на мислења за меѓународните прашања ќе бидат на агендата на разговорите. „Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко сигурно има што да му каже на рускиот претседател по Белорускиот народен конгрес“, забележа Песков. Состанокот доаѓа истиот ден кога се очекува Европската унија да донесе нови санкции против Русија и евентуално Белорусија.
Циханускаја: На новинарите им праќаат порака „или со режимот или затвор“
Белорускиот опозициски лидер Свјатлана Циханускаја. бара ЕУ да заземе поостар став против режимот на Лукашенко. Последен пат Путин и Лукашенко се сретнаа лице в лице во средината на септември во Сочи, кога Белорусија обезбеди заем од 1,5 милијарди американски долари за својата уништена економија. Оттогаш масовните протести во Белорусија изгубија дел од силата.