Израел излегува од карантинот

Израел предводи во трката за вакцинирање на своето население

Израел повторно отвори поголем дел од економијата и многу јавни услуги и покрај континуираното ширење на ковид-19 во таа земја. На 21 февруари им беше дозволено на израелските малопродажни продавници и трговски центри, некои одделенија од средно училиште и други јавни услуги да дозволат ограничен број луѓе. Спортските сали, хотелите и театрите беа отворени за оние со таканаречени „Зелени пасоши“, покажувајќи дека добиле две дози од вакцина против коронавирус најмалку пред една недела.

Израел и се заблагодари на Бугарија за спречувањето на Луков марш

Олеснувањето дојде кога израелското Министерство за здравство објави дека вакцината на Фајзер е скоро 99 проценти ефикасна во спречување на сериозни болести и смрт од ковид-19, обезбедувајќи први во светот податоци од големи размери за оваа вакцина. Израел го предводи светот во трката за вакцинирање на своето население. Со една доза е вакцинирана скоро половината од 9-те милиони жители на таа земјата. Околу 2,9 милиони граѓани веќе ја имаат примено и втората доза. Сепак, вирусот продолжува да се шири во Израел, делумно поттикнат од присуството на нов сој, кој најпрвин бил идентификуван во Британија, а оттогаш се најде во десетици земји.