САД подготвуваат брз одговор на руското хакирање

SolarWinds и еден од најголемите и најсофистицирани кибернетички напади во историјата

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан предупреди дека Соединетите држави ќе одговорат во рок од „неколку недели, а не месеци“ на рускиот сајбер напад, откриен во декември, чија цел биле филијали на американската влада и други клучни институции. Тој рече дека одговорот најверојатно ќе вклучува „мешавина на видени и невидени алатки“ и „тие нема да бидат едноставно санкции“. „Ние сме во процес на работа преку која ќе обезбедиме Русија да разбере каде САД ја повлекуваат линијата за ваков вид активност“, рече Саливан. Експертите нападот го нарекоа SolarWinds и еден од најголемите и најсофистицирани кибернетички напади во историјата.

Сајбер упадот во Министерството за финансии на САД бил „значителен“

Нападот од вакви размери, како што се оценува во Вашингтон, можел да биде изведен само од државен актер. Тој беше насочен кон Министерството за домашна безбедност на САД, кое е одговорно за безбедноста на границата и заштитата на земјата од напади преку интернет, како и одделите за финансии и трговија на САД, покрај илјадници други субјекти.