Лав нападна жена која го чистела неговиот кафез во зоолошка градина во северозападна Германија, соопштија властите.
Полицијата наведува дека 25-годишната чуварка не е потешко повредена, но оти поради претпазливост е пренесена во болница.
Други детали за инцидентот не се соопштени.
Зоолошката градина не работи поради мерките за сузбивање на коронавирусот.