Отстранети скоро 10 тони опасни хемикалии од кругот на ОХИС

Мала и голема депонија со линдан на фабриката ОХИС во Скопје. Извор МЕД.

Вчера во кругот на ОХИС се изврши утовар на опасен хемиски отпад, односно, 4,6 тони иницијатори, хемикалии со познат состав, и 5,2 тони хемикалии со непознат состав во камиони што ги исполнуваат соодветните услови за транспорт на опасен отпад, со што продолжи чистењето на една од жешките еколошки точки во државата, информира Државниот инспекторат за животна средина.

Во текот на утоварот бил воспоставен посебен режим и забрани за движење на лица и возила во кругот на ОХИС.

Отпадот е упатен кон постројката за уништување во Франција.