Белоруската опозициска лидерка, Светлана Циханускаја, денеска изјави дека со гонење на новинари, властите во Белорусија испраќаат порака до медиумите: „Или сте со режимот, или сте во затвор“.
Циханускаја ги даде овие коментари за време на широкото ексклузивно видео интервју со „Current time“ на 18 февруари, истиот ден кога судијата во Минск осуди двајца новинари на по две години затвор за известување во живо од протестот во главниот град во ноември.
Дописничките на „Белсат“ со седиште во Полска, Кацјарна Андреева (27) и Дарја Чулцова (23), во повеќе наврати го отфрлија обвинението дека „организирале јавни настани насочени кон нарушување на граѓанскиот поредок“, додека известувале од протестот по повод смртта на антивладин демонстрант.