Ровер на НАСА слета на кратер на Марс именуван по босанскиот град Језеро

„Персеверенс“ успешно слета на кратерот Марс именуван по босанскиот град Језеро

НАСА соопшти дека нејзиното летало „Персеверенс“ успешно слета на кратерот Марс именуван по босанскиот град Језеро. Возилото со шест тркала – најголем и најнапреден ровер некогаш испратен од НАСА – слета на Марс по седуммесечно патување од Земјата во должина од 470 милиони километри. НАСА заедно со Европската вселенска агенција има намера донесе карпи од Марс кои би можеле да одговорат дали некогаш постоел живот на таа планета.

НАСА го лансираше „Персеверенс“ на Марс

Тоа беше историски ден за 1.000 жители на босанскиот град Језеро, чие име Меѓународната астрономска унија во 2007 година му го даде на кратерот широк 49 километри, за кој се смета дека некогаш бил преплавен со вода. Роверот со големина на автомобил е деветтото вселенско летало кое успешно слета на Марс - сите од САД. Две вселенски летала од Обединетите Арапски Емирати и Кина влегоа во орбитата околу планетата во минатата недела.