Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека за време на вчерашниот виртуелниот состанок Алијансата не донела конечна одлука за тоа дали или кога ќе ги повлече војниците од Авганистан. Средбата се случи во моментот кога администрацијата на Бајден го разгледува договорот меѓу САД и Талибанците за да утврди дали милитантната група ги исполнува своите заложби, вклучително и постигнување примирје и вклучување во значајни преговори со авганистанската влада. Според договорот, сите странски сили треба да го напуштат Авганистан до мај во замена за безбедносни гаранции од милитантната група, како што се раскинување на врските со Ал-Каеда.
Шекеринска на министерски состанок на НАТО
И покрај отпочнувањето на мировните разговори меѓу авганистанските и талибанските преговарачи во Катар во септември, насилството во Авганистан се зголеми, што предизвика загриженост за прерано повлекување на трупите на НАТО и потенцијално дозволување на бунтовниците да извојуваат победа. „Во оваа фаза не донесовме конечна одлука за иднината на нашето присуство“, рече Столтенберг по видео состанокот со министрите за одбрана на НАТО. „Како што се приближува крајниот рок од 1 мај, сојузниците на НАТО ќе продолжат тесно да се консултираат и координираат во наредните недели.“