Бајден ќе вети четири милијарди долари за програмата КОВАКС

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден, за време на денешниот состанок со лидерите од Групата седум најразвиени земји во светот ќе вети четири милијарди долари за програмата за вакцини против коронавирусот КОВАКС, објави Белата куќа. Првиот дел од две милијарди долари ќе биде даден „многу скоро“, рече еден висок американски функционер. Втората транша од две милијарди постепено ќе биде ослободена во период од две години во 2021 и 2022 година. Програмата КОВАКС има за цел да обезбеди вакцини за 20 проценти од населението во скоро 200 земји и територии кои учествуваат во програмата и има механизам за финансирање што им овозможува на 92 земји со ниски и средни приходи да имаат пристап до дози на вакцини.

Бајден: секој Американец ќе добие вакцина против ковид-19 до јули

Бајден, како што најави портпаролот на Белата куќа Џен Псаки, исто така ќе ја нагласи потребата да се инвестира во колективна конкурентност за справување со предизвиците од Кина, како и за климатските промени. Виртуелната средба е првиот настан на демократскиот претседател на САД со други светски лидери во групата што ги вклучува Британија, Јапонија, Франција, Германија, Италија и Канада.