За 19, 22 и 23 февруари, во период од 14 до 17 часот во Скопје, најавен е протест организиран од сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото студија и музички бендови, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Протестот е планиран на крстосницата меѓу булеварот Александар Македонски, улицата 16-та Македонска бригада и улицата Интернационални бригади. Поради тоа, од МВР делат дека ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на овие сообраќајници.
Сопствениците на рестораните за свадби, крштевки и други веселби бараат Владата ја укине забраната за нивна работа и да донесе протокол за вршење на нивната дејност пред сезоната за венчавки. Тие апелираат до Владата да не ги држи во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона, како и претходната.