Османи - Вучиќ: Малиот Шенген е доказ за успешна соработка

Средба на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ - Белград, 18.02.2021

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешната средба во белград се сложиле дека добрите односи меѓу двете земји се од голема важност за целиот регион, при што Вучиќ, како пример за успешна соработка го посочил „мини Шенгенот. Вучиќ ја издвоил и важноста на Меморандумот потпишан од Србија, Северна Македонија и Албанија, кој овозможува заемна помош и соработка на нивните здравствени системи за лекување на пациенти со Ковид-19.

Османи се заблагодарил за донацијата на вакцини, што Вучиќ му ја предаде на премиерот Зоран Заев во неделата и што овозможи да започне вакцинирањето на северномакедонските граѓани и, како што рече, разбудиле нова надеж, информираше денеска македонското Министерство за надворешни работи (МНР).

Вучиќ и Османи разговарале за зајакнување на добрососедските односи и решавање на сите прашања преку дијалог, како и за подобрување на економската соработка и меѓусебната поддршка на европскиот пат. На средбата, како што соопшти МНР, биле спомнати и конкретни проекти кои би придонеле за подобро поврзување и економска соработка меѓу двете земји, како што се модернизација на пругата кон Скопје и зајакнување на инфраструктурата на граничните премини. Се разговарало и за Србите во македонија и за Македонците во Србија.

За време на денешната официјална посета на Белград, министерот Османи ќе има средба и со премиерката Ана Брнабиќ и претседателот на Собранието Ивица Дачиќ.