На 18 февруари, белорускиот Суд осуди две белоруски новинарки, од полскиот ТВ канал Белсат, на две години затвор, откако властите ги уапсија поради протест и пренос во живо на протестот против Александар Лукашенко. Кациарина Андрејева (27) и Дарија Чулцова (23) беа уапсени во еден стан во ноември од каде снимаа протести поради смртта на демонстрант кој беше убиен неколку дена претходно.
Меѓународните организации за човекови права го осудија апсењето на новинарите. Двете новинарки се изјаснија за невини откако беа обвинети за организирање демонстрации. Како материјален доказ, Обвинителството презентираше видео камера, микрофон, мобилни телефони, осветлување и прес-јакни. Новинарките се појавија во судница во кафез на сослушувањето на 18 февруари, со рака давајќи знак „V“ (Виктори - Победа).
Повеќе од 33.000 лица се приведени во насилната акција против демонстрантите кои протестираа против владеењето на Лукашенко по спорните избори во август 2020 година, за кои неговите противници велат дека се наместени за продолжување на неговото владеење. На таа позиција е од 1994 година. Акцијата ги поттикна западните земји да воведат нови санкции против Минск. Лукашенко одби да се повлече од власта, поддржан од Москва, во која гледа заштита од Европската унија и НАТО.