Ефикасноста на вакцината на Фајзер е 95 проценти, а шансата лицето кое примило две дози да се зарази е една на 1.000, соопшти израелската здравствена служба Макаби. Од 620.000 Израелци кои биле целосно вакцинирани, само 608 биле заразени со вирусот, објавија израелските медиуми. Повеќето од оние кои примиле две вакцини и биле заразени со ковид-19 имале само благи симптоми или биле асимптоматски.
Израел укинува некои од ограничувањата за коронавирусот
Од тие 608, хоспитализирани се 21 заразено лице, вклучувајќи седум кои имале сериозни симптоми, тројца умерени и 11 лесни. Во Израел, во меѓувреме, се отвора првиот центар за вакцинација во еден бар во Тел Авив за да се промовира имунизацијата кај младите. Центарот се отвора денеска од 18 часот до полноќ.