Руските власти оценија дека одлуката на Европскиот суд за човекови права за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални нема „правна основа“. „Барањето на судот е неприменливо, бидејќи во рускиот закон нема правна основа што дозволува ослободување на ова лице“, изјави рускиот министер за правда Константин Чуиченко, кој додаде дека станува збор за „грубо мешање“ во внатрешните работи на Русија. Претходно вчера Европскиот суд побара од Русија веднаш да го ослободи Навални, наведувајќи дека неговиот живот е во опасност. „Судот ја зеде предвид природата и степенот на ризик по животот на Навални“, соопшти Судот, додавајќи дека Русија, како потписник на Европската конвенција за човекови права, имаа „обврска“ да ја почитува одлуката.
Судот во Стразбур бара итно ослободување на Навални
Навални изјави дека мерките на руските власти „не можат да обезбедат доволни гаранции за неговиот живот и здравје“. Навални беше уапсен на 17 јануари откако се врати во Русија од Германија, каде штосо месеци се опоравуваше од труење со нервен отров. Неговото апсење предизвика протести низ цела Русија, кои завршија со апсење на околу 11.000 луѓе.