Првиот контингент вакцини, донации од Србија, вечерва пристигна во Црна Гора. Во Подгорица допатува и српската премиерка Ана Брнабиќ, која на аеродромот ја пречекаа црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ.
Вечерва пристигнаа 2000 дози од руската вакцина Спутник Ви, а наредните денови се очекуваат уште 2000 за ревакцинација. Брнабиќ изјави дека во овие времиња најбитна е солидарноста и дека се спремни да донираат уште вакцини ако биде потребно.
Ова се први вакцини кои пристигнуваат во Црна Гора.
Македонија денеска ја започна вакцинацијата на здравствените работници со вакцини на Фајзер, исто така донација од Србија.