Промена на имињата на улиците во Скопје: Од 4 јули до Дејвид Боуви

Илустрација - Скопје

Град Скопје ја објави листата од 571 име според која во иднина би се именувале улици, плоштади, паркови и мостови во градот. Покрај новите имиња се предвидува да се вратат и старите имиња на улиците, со што Аминта Трети пак да биде Ленинова, Јордан Мијалков - Железничка, Филип Втори - Стив Наумов. Тафталиџе повторно ќе ја има улицата Мексичка наместо Петре Пирузе, а Борис Сарафов пак ќе стане 4 Јули.

Во листата на нови имиња се пејачот Дејви Боуви и групата „Квин“, групите „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Мизар“. Улица ќе биде именувана и по Есма Реџепова, како и по филмот „Медена земја“. Во листата со нови имиња за улици се и имињата на починатиот новинар Никола Младенов, пејачката Вања Лазарова, архитектот Живко Поповски, спортистите Благоја Георгиевски – Буштур, Атина Бојаџи, заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи, потоа имињата на писателите Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески. Се предлага еден плоштад да се вика „Вера, надеж и љубов“, а Градскиот парк би се викал „Безвременски“.