Почна вакцинацијата против ковид-19, прва вакцинирана прим. д-р Јовановска

Првата вакцина против ковид-19 ја прими д-р прим. Добринка Наунова Јовановска од Клиниката за Инфективни болести

Претпладнево во 10 часот почна вакцинирањето против ковид-19. Првата вакцина ја прими д-р прим. Добринка Наунова Јовановска од Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Докторката е вакцинирана со вакцината на производителот Фајзер кои во недела пристигнаа од Србија, која на Македонија ѝ отстапи дел од своите вакцини.

Вакцинацијата започна 10 часот во модуларната болница на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, а засега ќе се вакцинираат само медицинските лица.

„Јас ја примив вакцината, се чувствувам одлично. Самото аплицирање на вакцината е безболно и можам да препорачам секој од нас кој е во оваа држава да прими вакцина, по сопствен избор нормално“, изјави д-р Наунова Јовановска по вакцинирањето.


Досега се пријавени 4.000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2.000 се во Скопје, а останатите се во другите градови.