Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека сите Американци ќе имаат пристап до вакцините против ковид-19 до крајот на јули. „До крајот на јули ќе имаме 600 милиони дози, доволно за да го вакцинираме секој Американец“, рече Бајден. Претходно тој предвидуваше дека вакцините може да бидат достапни за сите Американци до пролетта, но Белата куќа неодамна го помести датумот поради тешкотиите со достапноста на вакцините и можноста за нивно доставување.
Белата куќа ќе го испита извештајот на СЗО за потеклото на ковид-19 во Кина
Бајден исто така рече дека сака училиштата побрзо да се отворат и оти поддржува вакцинирање за наставниците. Тој истакна дека на земјата ѝ претстои долг пат да постигне „имунитет на стадо“ кој ќе дозволи животот да се врати во нормалност. Бројот на нови дневни случаи во САД опаѓа, но сè уште е десетици илјади, а бројот на дневни смртни случаи на 16 февруари беше нешто помалку од 1.000. Според проценката на Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД од вирусот починале повеќе од 487.000 луѓе.