ЕУ сака да се подготви за мутациите на ковид-19

претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Европската комисија денеска треба да претстави јавна приватна програма „Подготовка за биоодбрана“, која вклучува институции, фармацевтската индустрија и истражувачки организации и е наменета за подготовки за следната здравствена криза во рамките на идната здравствена агенција ХЕРА. Европската унија сака да се подготви за мутации на вирусот корона, за кои се потребни промени во вакцините, објави Комисијата вчера пред започнувањето на европската програма за проучување на овие варијанти на вирусот. „Вирусот се развива и ќе продолжи да се развива. Важно е да се подготвиме за појава на мутации: некои се таму, други ќе се појават“, наведуваат во Унијата која беше критикувана за одложување на испораката на вакцини против коронавирусот.

Во светот расте интересот за руски и кинески вакцини

Како што најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ЕУ ќе започне програма за проучување на мутациите на коронавирусот. Наречена „Инкубатор Хера“, иницијативата ќе обедини лаборатории, здравствени власти, научници и Комисијата со „значителни средства“, рече таа, додавајќи дека ЕУ ќе им помогне на производителите да го зголемат капацитетот за производство на вакцини од „втората генерација“. Се спомнува и можноста за редовна вакцинација против ковид-19, со оглед на мутациите, како што се вакцините за сезонски грип, чиј „состав мора да се менува секоја година за да биде ефикасен“.